Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 155.386 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Гомељ — град во источниот дел на Белорусија, во близина на границата со Русија во кој живеат околу 520.000 жители. Градот е центар на истоимената област и е вториот по големина град во Белорусија. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата, на 302 километри од главниот град Минск, 534 километри источно од Брест, од Могиљов е оддалечен 213 километри, 279 километри западно од Брјанск и 111 километри северно од Чернигов. Низ него тече реката Сож. Градот е на површина од 121 км2. Гомељ се стекнал со Магдебуршкото право во 1670 година.

Градот бил основан во 1142 година, и административно е поделен на четири реони: Централен, Советски, Железнодорожен, и Новобелички. Актуелен градоначалник е Петар Кириченко, кој на функцијата стапил во ноември 2012. Од индустриските гранки најразвиена е машинската, а нешто помалку прехранбената индустрија. Во градот има тролејбуски и автобуски превоз, а авионски е поврзан со поблиските градови од соседството. Гомељ има умерено-континентална клима, но поради Чернобилската несреќа се соочил со намалување на населението кон крајот на 20 век. Градот почнал економски и демографски да заздравува во 21 век.

Гомељ се наоѓа во југоисточниот дел на Република Белорусија и е административен центар на Гомељската област, и се наоѓа на околу 40 километри западно од државната граница со Брјанска област во Русија, и на околу 40 километри северно од Черниговска област во Украина. Градот се наоѓа во северниот дел на Придњепарската низина, во физичко-географската област наречена Гомељска Полесја (составен дел на белоруската Полесја). Северозападно од градот на Гомељската Полесја се наоѓа Чечерска низина. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Три врати на бункер за складирање муниција кај Дилмен, Германија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Млечниот Пат гледан одозгора
Млечниот Пат гледан одозгора
На денешен ден…

Денес е 3 октомври 2025 г.

Настани:

1873  Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во војната Модок.
1918  Царот Борис III го презема бугарскиот престол
1929  Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија, (Земја на Јужните Словени).
1932  Ирак добива независност од Британија.
1943  Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, одликите на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба.
1954  Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт.
1995  Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.
1995  Франција, наспроти меѓународниот притисок против јадрени тестирања, изврши нова јадрена проба во јужниот Тихи Океан.

Родени:

1720  Јохан Петер Уз — германски поет
1830  Алберт Гинтер — германско-британски зоолог.
1858  Елеонора Дусеиталијанска глумица.
1895  Сергеј Александрович Есенинруски поет.
1897  Луј Арагон — француски писател.
1900  Томас Вулфамерикански писател.
1901  Франтишек Халас — чешки поет и есеист.
1911  Мајкл Хордернанглиски глумец.
1929  Берт Стернамерикански фотограф.
1938  Тереза Кесовијахрватска пејачка.
1939  Велибор Васовиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1954  Стиви Реј Вон — американски гитарист.
1955  Слаѓана Милошевиќ — српска и југословенска поп-рок пејачка.
1965  Јан-Ове Валднер — шведски пингпонгар.
1968  Грег Фостер — американски кошаркар.
1969  Гвен Стефаниамериканска поп-пејачка.
1971  Дарко Митревски — македонски режисер.
1973  Љубомир Врањеш — шведски ракометар.
1978  Клаудио Писаро — перуански фудбалер.
1981  Златан Ибрахимовиќ — шведски фудбалер.
1983  Фред — бразилски фудбалер.
1984  Мигел Анхел Рубијани — колумбиски велосипедист.
1988  Алекс Даусет — британски велосипедист.
1994  Кепа Аризабалага — шпански фудбалски голман.
1996  Келечи Ихеаначо — нигериски фудбалер.

Починале:

1690  Роберт Баркли, шкотски писател.
1701  Џозеф Вилијамсон — англиски политичар.
1910  Жан Анри Дигнаншвајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и добитник на Нобеловата награда за мир во 1901 година.
1931  Карл Ниелсендански композитор.
1994  Даб Тејлор — американски глумец.
2004  Џенет Лиамериканска глумица.
2016  Љупка Димитровска — македонско-хрватска пејачка.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 340 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич